речник контакт

Именувања на раководни места во институциите во Велес

Избрани директори во Интернатот, Узус, в.д. во ЈП спорт и паркинзи, раководител во Македонија пат Велес и избран е нов член на Советот на Општина Велес

Петар Печков

Избрани се неколку раководни позиции во институциите во градот.

Весна Стојанова Богоевска – дипломиран професор по историја, избрана за директор на СОУ „Коле Неделковски“ по пат на јавен конкурс.
 
Марјанчо Јордановски - дипломиран професор по физичко воспитување, избран за директор на Општинскиот училиштен дом „Лазар Лазаревски“, избран по пат на јавен конкурс.  

Љупче Иванов – дипломиран професор по физичка култура, именуван за вршител на должност  директор на Јавно претпријатие „Парк-спорт и Паркинзи“ Велес . Претходно работел приватно. На оваа позиција доаѓа по оставката на претходниот в.д. директор Златко Панчевски.

Ѕвонко Коцевски, дипломиран правник е нов раководител на Подружницата на ЈП Македонија пат за Велес.
 
На денешната седница на Советот на Општина Велес беше избран нов советник, тоа е Надица Калаузарова. Таа доаѓа на местото од Весна Стојанова Богоевска, која беше избрана за директор на  училиштето УЗУС.   Надица Калаузарова доаѓа од редовите на советничката листа на владејачката СДСМи таа е шести советник кој влегува во Советот на Општина Велес дополнително.  

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »