речник контакт

Имотот на АД Повардарие од Неготино во стечај, вреден 6 милиони евра, ќе се продава, одлучи Собранието на доверители

Пропадна предлогот стечајниот должник, со план за реорганизација да го земе Руп транс од Бугарија

Петар Печков

Имотот на АД Повардарие од Неготино,  во стечај ќе се продава одлучија доверителите на Собрението кое се одржа во Основен суд Велес.  Ова доаѓа откако иницијативата на  планот за реорганизација на Руп Транс од Петрич Бугарија беше отфрлен.  

Планот за реорганизација нема легитимација, нема потпис, нема печат. Зад Руп транс стои само едно лица - Стопанска Банка АД Битола, кое се сомневам дека може да одговори на побарувањата.  Во него нема решение за развлачните доверители кои вообичаено досега во стечајна постапка се намируваа со 100 отсто. - кажа еден од доверителите на Собранието.  

Со планот за реорганизација се предвидуваше во рок од 120 дена останатите доверители да бидат намирени со 50 отсто од побарувањата.  Имотот на АД Повардарие од Неготино  во стечај,  ќе се продава по пат на електронско продажба, во пакети,  за кои  што дополнително ќе одлучат доверителите. Стечајниот управник Зоран Денкоски, по извршениот увид  во финансиската состојба на АД Повардарие од Неготино, кажа дека стечајниот должник е презадолжен со долг од повеќе од 11 милиони евра а располага со имот од 6 милиони евра. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »