речник контакт

Импакт, театарски фестивал, втор по ред

Осум претстави, пет странски и три домашни, со кои треба да го одржи рејтингот, кој го доби од ланските содржина, по што се најде меѓу 20-те алтернативни театарски фестивали во земјите од Југо - Источна Европа.

Петар Печков

Меѓународен фестивал за изведувачки уметности  ,,Импакт,,  кон крајот на септември  во Велес,  ќе го има второто издание. Тој на публиката ќе им понуди осум претстави, пет странски и три домашни, со кои треба да го одржи рејтингот, кој го доби од ланските содржина,  по што се најде меѓу 20-те  алтернативни театарски  фестивали, кои се одржуваат во земјите од Југо- Источна Европа.

Целта на фестивалот е да истражува, понуди нешто ново, не секојдневно, нестандардно, невообичаено.  Импакт е платформа на која што првенство се случува авантура, експеримент, базиран  е на истражувања – вели  Александар Ивановски  театарски режисер, директор на Импакт  театарскиот фестивал.

Програмата на годинашниот фестивал ќе се одвива во пет дена со исто толку амбициозни странски проекти и три домашни. Отворањето е со италијанската  Мотус,  која организаторот ја најавува како една од трите  највлијателни и најрелевантни  театарски независни трупи од Европа. Програмата ќе понуди и претстава на  современата танц групата ,,Талданс,, од Истанбул, потоа  на ,,Бастард,, продукцијата од Шведска, па ,,Глеј,, театарот од Љубљана и  влијателниот и независен театар Арха  од Прага - Чешка

Гостувањето на Италијанците  е едно од најзначајните што и се случиле на Македонија во последните две децении. Тие ќе се престават со ,,Алексис,,  претстава базирана на грчка трагедија за  митот на Антигона, само што тие ја поврзуваат со грчките демонстрации  од 6-ти декември во Атина, по убиството на тинејџерот кој учествуваше во тие протести.    Значајно е гостувањето  и на Чесите. Нивната  претстава зборува за имигрантите од источните земји на Европа, или како се однесуваме кон странците и како тие се однесуваат во туѓите земји – објаснува Ивановски.

Од домашните продукции на Импакт фест во Велес доаѓаат   ,,Конфузија,, во продукција на Евро Балкан Универзитетот од Скопје, перформансот на Александар Копања во режија на Благој Мицевски  и третата е од сопствена продукција -  фестивалска премиера. Таа е со цел да се отвори простор за младите автори, режисери, актери. Режисер е Драгана Стојчевска  студент на режија, која заедно со група млади студенти работи на претставата со работен наслов  ,,Хомо сапиенс,, .

Новина е што  потпишавме договор за соработка со  Евро- Балкан Универзитетот. Освен што ќе имаме нивна претстава, соработката е пред се за организирање на  работилници, на презентации од страна на  уметниците и теоретичарите кои ќе гостуваат на Фестивалот.  Сакаме на студентската популација   не само од овој факултет, да им дадеме можност, да отвориме критички дијалог во средината,  што ни недостига. Очекувам искрења меѓу нашите автори, уметници, на овие дебати бидејќи имаме многу ,,мирна вода,, -   вели Ивановски. 

Се  работи на тоа претставите да ги поместат од зградата на театарот, на друг простор. Каде ќе играат зависи и од трупите кои ќе дојдат да гостуваат во Велес. Ќе понудат места кои ако е можно ќе го оживеат  просторот. Фестивалот е финансиски помогнат  од германската  фондација за култура ,,Алијанс,,  Општина Велес и технички, логистички, човечки поддржан од велешкиот театар ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,,. На ланскиот, прв Импакт фест, остана забележано гостувањето на Словенско Младинско Гледаличше и на   Бугарската театарска лабораторија СФУМАТО.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »