речник контакт

Инвертер клими за основните училишта од општината

Локалната власт набави 91 уред

Петар Печков

Општина Велес набави инвертер клими за општинските основни училишта. Набавени се вкупно  91 инвертер клима за  „Св. Кирил и Методиј“, „Васил Главинов“, „Блаже Конески“, „Стојан Бурчевски Буридан“ од Иванковци, „Панко Брашнаров“и во основното музичко училиште „Стефан Гајдов“.

„Со оваа инвестиција значително ќе се подобрат условите за одвивање на наставата во сите годишни времиња“ – објави на ФБ градоначалникот Марко Колев.

Наредните денови клима уредите ќе бидат монтирани во училиштата, според бројот на училници. Во дел од основните училишта и во сите средни, има инсталирано фотоволтаици.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »