речник контакт

Инвеститорот кој ја рушеше куќата до Работнички Универзитет, имал дозвола за градење, но не и одобрение за рушење

Градоначалникот Колев со писмено соопштение од увидот во документацијата за куќата која се рушела за да се гради нова

Петар Печков

Куќата која е во соседството на Работничкиот универзитет во Велес,  се рушела без соодветна дозвола. По изведените градежни активности за рушење на куќата дојде до рушење на дел од  зградата  на Работничкиот Универзитет.

Инвеститорот имал дозвола за градење но не и за рушење, соопшти градоначалникот на Велес, Марко Колев,  Тој во јавноста излезе со писмено соопштение, откако службите во локална власт  извршиле увид во овој предмет.  

„Службите на Општина Велес извршија увид во целокупната постапка за добивање одобрение за градба, каде е констатирано дека се запазени сите правни процедури. Утврден е пропуст во текот на постапката за добивање на одобрение за отстранување на постоечки објект, односно по доставеното барање од страна на инвеститорот истото не е издадено од Општината поради чекање на потребните согласности. Самиот инвеститор своеволно започнал со рушење без да добие одобрение“- соопшти Колев.  Локалната власт му издала одобрение за градба во март годинава, но одобрение за рушење немало.

Објектот на РУ „Благој Страчковски“ е  сопственост на Република Македонија, поради што се чека на насоки од страна на Државно правобранителство за понатамошно постапување. Рушењето на објектот  помина без човечки жртви, со причинета голема  материјална штета. Според излеженото пано, кое е задолжително за вакви градби, инвеститори на објектот се Амела Бешировиќ од Горно Оризари и Абдурахман Шаботиќ од Црквино.   

Изведувачот „Бени Амар инженеринг“ се оградува од било каква одговорност, бидејќи за ТрМр изјавија дека  освен поставување на оградата немале никаква друга активност, инвеститорот сам ангажирал машини од Скопје со кој ја рушел куќата.

Надзорот инженер Коста Јанев,  исто така за ТрМр изјави  дека дури по рушењето, во понеделникот го потпишал договорот со инвеститорот. Соседите пак сведочеа дека инвеститорот отишол предлабоко и пет дена ја пумпал водата од темелите, која доаѓала, бидејќи се копало на пониско ниво од реката Вардар.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »