речник контакт

Индијана Џонс и неговите последни авантури, од вечерва на филмското платно и во Велес (видео)

На репертоарот се и комедијата „Девојка за се“ и цртаниот „Елементал“

Петар Печков

Петтиот дел од авантурата која го освои светот, „Индијана Џонс“ од вечерва“ со светската премиера и пред велешани во киното 3Д киноверзум.  Насловена „Индијана Џонс и артефактот на судбината“ ќе се прикажува секој ден, до следната среда во вечерниот термин. Во филмот освен Харисон Форд играат и Антонио Бандерас,  Мадс Микелсен. Филмот премиерата ја имаше на фестивалот во Кан во мај, кога публиката со аплаузи се воодушевуваше на новите авантури на археологот   доктор Хенри Волтон.

Освен овој филм на репертоарот на велешкото 3Д киноверзум е  „Девојка за се“ комедија со Џенифер Лоренс.  Доставувачка на храна е очајна за пари и ќе направи сѐ за да ги добие. Овој пат, таа ќе се пријави на оглас поставен од богати родители кои ќе бараат девојка за нивниот чуден и затворен син. Ќе се прикаже петок и недела.

Сабота на репертоарот е цртаниот филм „Елементал“ дело на студиото на Волт Дизни.  Филмот ги следи Ембер и Вејд - необичен пар од градот каде сите елементи – оган , вода, воздух и копно  живеат заедно. Огнената млада девојка и лабавото момче ќе откријат колку многу тие имаат взаемно.

Со летниот период од понеделник, на репертоарот на 3Д киноверзум ќе биде по еден филм на ден .

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »