речник контакт

Инспектор во СВР Велес натепал велешанец

Инспектор Роберт Г. ( 36 год) вработен во СВР Велес го претепал 21 годишен велешанец Миле Ј. за што заработи прекршочна пријава а за неговата одговорност ќе одлучува и Секторот за внетрешна контрола и професионални стандарди на МВР.

Петар Печков

Според велешката полиција, настанот кај нив лично го пријавило момчето во неделата навечер околу 23 часот, за да во текот на вчерашниот ден таа го расветли настанот и констатира дека во него учестувале и лицето Лазе Р. ( 34 год) и трето засега непознато лице. И против овие две лица ќе бидат поднесени прекршочни пријави.

Неофицијалните информации се дека полицискиот инспектор барал Миле Ј. да ја прекине врската со неговата 15 годишна ќерка, но бидејќи тоа не се случило, Роберт Г. Лазе Р. И НН. во неделата навечер го натепале дечкото.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »