речник контакт

Инсталационен Фестивал 2006

Во сабота и недела (15 и 16 април 2006) во просториите на Народна техника (Скопје) од 11 до 21 часот ќе се одржи третиот инсталационен фестивал на Слободен софтвер Македонија. Овој пат, настанот ќе биде проширен со дополнителни активности. Покрај инсталирањето и снимањето дискови на слободен софтвер за посет?телите ќе има и предавања, работилници, дискусии...

Зоран Николов

Инсталационен фестивал е настан, на кој масовно се инсталира слободниот оперативен систем ГНУ/Линукс. Посетителите треба да дојдат со своите компјутери и таму ќе добијат помош од поискусни корисници за спроведување на инсталацијата. За повеќе информации посетете ја страницата за фестивалот ([url=www.slobodensoftver.org.mk/installfest]www.slobodensoftver.org.mk/installfest[/url]). Покрај инсталирањето на слободен софтвер, посетителите ќе можат слободно да копираат дискови со апликативен софтвер. Во попладневните часови ќе има работилници за развој на веб апликации со употреба на слободни веб платформи, локализација на слободен софтвер и запознавање со работата на македонскиот тим на википедија, најпознатата слободна енциклопедија. Во вечерните часови се планирани панел дискусии на тема слободниот софтвер и софтверските патенти, авторските права и интелектуалната сопственост и импликациите за секој граѓанин во информациското општество. Настанот претставува промовирање на слободниот софтвер и градење на заедница на корисници и поддржувачи. Народна техника се наоѓа на бул. \"Партизански одреди\" бр. 99, спроти Лептокарија. [url=www.ossm.org.mk/installfest/images/narodnatehnika.jpg]Тука има мапа[/url]. Влезот и услугите се бесплатни и слободни. Значи, освен инсталирање Linux и режење CD-а, ќе има и неколку презентации (workshop-и) секој ден од 15:30 до 18:00 Сабота - Конструирање на динамички web апликации со TurboGears и Python - mk.wikipedia слободна енциклопедија Недела - Оптимизација и модификација на Linux кернел - Локализација на софтвер

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »