речник контакт

Инстант лозот „7 х 7“ донесе како 8 мартовски подарок автомобил за Гордана од Тетово (фото и видео)

Една од главните премии на инстант лозот 7х7, е автомобилот Hyundai Bayon

Петар Печков

Државна лотарија и 2024 година ја продолжува бериќетно, со многу среќни приказни и насмеани добитници, со радост, возбуда и пријатни изненадувања.

Гордана Митреска од село Брвеница, среќата ја чекала во Трговскиот центар Палма мол во Тетово. Таа си доби 8-мо мартовски подарок, една од главните премии на инстант лозот 7х7, автомобил Hyundai Bayon.

Со среќната добитничка се сретнавме пред салонот на „Гранд Ауто“ во Скопје, каде што Марјана ги предаде клучевите од автомобилот, а Гордана ни раскажа колку е среќна за добивката.

Имено, при прошетка низ Палма мол, добитничката купила неколку инстант лозови „ Доме сладок доме“ и „7 х 7“ од продажното место на Државна лотарија, кои ги изгребала дома заедно со нејзините внуци. Кога ги забележале трите симболи на Hyundai Bayon, најпрво следеле „шок и неверување“, потоа на радоста ѝ немало крај.

Како што ни кажа среќната добитничка, поубав подарок не можела ни да сонува. Го завршивме разговорот со порака до играчите, да бидат упорни и истрајни во потрагата по среќата, затоа што среќата е насекаде.

Со убави желби ја испративме Гордана со новото возило во Тетово (видео).

 ПР текст

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »