речник контакт

Инстант лозот „7х7“ му донесе автомобил Hyundai Tucson на пензионерот Миле од Куманово

Веќе три години сакал да добие возило, купувал инстант лозови за автомобил па „изгреба“ Hyundai Tucson

Петар Печков


Едно од најстарите и најсреќни места за учество во игрите на среќа на Државна лотарија е „Кеопс“, се наоѓа во центарот на Куманово, спроти зградата на Општина Куманово.

Миле Димитријевски, сега пензионер, редовно, по двапати неделно купувал инстант лозови токму од ова среќно место. Неговата верба во среќата не го напуштила, тој не го напуштил ни своето среќно место, па среќата решила да им помогне. Затоа тој и неговата сопруга Благица ќе се возат во нов Hyundai Tucson добиен на инстант лозот „7 х 7“.(видео од доделувањето на автомобилот)
 
Со Миле и Благица Димитријевски ја закажавме средбата за доделување на возилото пред продажното место „Кеопс“, каде што е купен добитниот лоз, кад што низ досетки ни ја раскажаа приказната за нивната добивка.  

Имено, Миле е редовен играч на лото, но сакал да добие „џип на грепка“, па секоја среда и сабота уплаќа по неколку комбинации со своите среќни броеви во ЛОТО 7, а притоа купува и по еден инстант лоз. Досега освоил само неколку помали добивки, но овојпат токму тој еден негов инстант лозот „7 х 7“ ги криел трите симболи на Hyundai Tucson, што го донесоа до едно од 14-те возила што ги нуди овој лоз.

Среќни и возбудени, по потврдата на добивката од страна на вработените во „Кеопс“, Миле и Благица, нè посетија во просториите на Државна лотарија каде што имавме исклучително пријатно и весело дружење дополнето со досетки, за што кумановците се надалеку познати.

Благица и Миле на сите играчи на игрите на среќа на Државна лотарија им порачаа да бидат упорни, да веруваат во среќата и да си планираат што сакаат да си добијат. Миле сакал и си планирал дека добие џип и доби Hyundai Tucson. Сега, повторно ќе си ја стави во функција возачката дозвола и дури планира со сопругата Благица да го посетат синот во Виена, којшто преку на видеоповик беше вклучен во сите случувања.

Досега инстант лозот „7х7“ донесе возила во Прилеп, Скопје и Струмица, а сега и во Куманово. Со нетрпение ги очекуваме новите добитници кои со себе ќе донесат носат среќни приказни.

ПР текст

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »