речник контакт

Интел направи гитара за сурфачи

Интел во соработка со Фендер, еден од најголемите произведувачи на гитари и опрема наменета за музичари, се обидоа да направат електрична гитара со која што ќе можат музичарите да се поврзат на интернет.

Зоран Николов

Интел во соработка со Фендер, еден од најголемите произведувачи на гитари и опрема наменета за музичари, се обидоа да направат електрична гитара со која што ќе можат музичарите да се поврзат на интернет. Концептот на оваа сурф-гитара го редефинира поимот \\\"музика во движење\\\". Освен класичното свирење најавениот Fender Telecaster им омозможува на гитаристите сурфање на интернет за време на паузите при свирењето, учитување и репродукција на акорди и рифови со поединечни светски музичари, односно префрлање на одредени ефекти директно од компјутер, со што би го постигнале токму оној правиот звук. Во оваа гитара е вграден Интел Центрино Мобиле процесор кој што на корисниците им овозможува испраќање на е-меил пораки, пребарување преку интернет и барање на инспирација и акорди. Ако сте на пример вечерта на некоја свадбена свеченост, а сте ги заборавиле акордите на песните кои што ги нарачал кумот, ќе ги побарате на интернет. Од интел сеуште нема службена најава на оваа гитара, но едно е сигурно - поминаа 40 години откако одредени калифорниски музичари го смислија звукот на сурф гитарата, Интел го создава она што можеме да го наречеме новата генерација на сурф гитарите.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »