речник контакт

Интервју со Фипе (АДРЕНАЛИН)

На последниот Loser Fest имаше многу бендови го имаа можеби и првото деби промовирање надвор од нивните гаражи или подруми каде спремале демо верзии на нивните идеи за бунтот против општествените срања. Својот темперамент групите го изразуваат преку разлутени рифови, урликање до кинење на гласните жици, расоблекување и покажување средни прсти, уствари сеа малку претерав. Нема везе, но ако сте биле на свирката, сигурно сте ги забележале велешките чуда од деца АДРЕНАЛИН, средношколци со харизма, уметници со смисла и победници со бронзен медал. По некоја случајност се сретнав со Филип, или поточно Фил, или нагалено Филе, ама сите другари го викаа Фипе. Прво културно си ја избушави фризурата, си ја почачка малата плетенка со два прста, потегна долго од цигарата и се пушти во муабетов подолу (на Повеќе). 3... 2... 1... ON THE AIR

Зоран Николов

Т.Р.М.Р.: Какво кафе да ставам? Ф: Средно. Од трите подолгото. Т.Р.М.Р.: На кого си ти бе? Ф: На Вангел син му електричарот. Т.Р.М.Р.: Татко ти мајка ти кај работат? Ф: Татко ми не работи, мајка ми у општина. Т.Р.М.Р.: Кај учиш? Ф: Средно уметничко. Трета. Т.Р.М.Р.: Да не оставаше некоја? Ф: Ц’к. Неам намера. Т.Р.М.Р.: Шо си у хороскоп (ради обожавателиците)? Ф: ... Девица... ОВЕН, ОВЕН, ОВЕН!!! Т.Р.М.Р.: Кога почнавте да чачкате музика ово-оно? Ф: По војната девесточитириестрета у реформите мењање политики влади мади ние бевме многу изреволтирани разочарани од системот и решивме да праиме музика и да кренеме револуција... у младински беше нашата револуција... а да, графитите се наши у младински. Т.Р.М.Р.: ВИЕ ЛИ СТЕ ТИЕ? Сеа ќе ве кажам на Перо стражарот... Кажи ми кој е најстар, а кој е невин во Адреналин? Ф: Само еден вин има (ХАХАХАХА у позадина), ама најстар е Боката, старудија, најмал(а) е Маја... толку негде метропетшеесе... Т.Р.М.Р.: За бендот, албумот, иднината... Ф: Бендот прави нови песни, албумот се чека на ред... Т.Р.М.Р.: Значи албумот е вклопен во иднината? Ф: Да. Беше иднина, премина во сегашност па минато. Иначе да се пофалам for the record дека промоцијата ја спремивме за два дена, и плакати и цедиња, беше на базен во Велес, имаше стотина удавени... Т.Р.М.Р.:Инспирација, филозофија на музиката? Ф: Ај бе не ме прашај така, ме мрзи да мислам сега. Т.Р.М.Р.: Не си спремен за овој час. Ај за прелазна: имаш ли идоли? Ф: Брат ми (Ангел Коруновски, за неинформираните) Т.Р.М.Р.: Ако продавам гитара, компјутер и пиштол и ги продавам за иста цена, што ќе земеш? Ф: Компјутер. Гитара имам. Пиштол... не. Т.Р.М.Р.: Емпетри музика собираш? Ф: Да, многу. Т.Р.М.Р.: А кога ќе бидеш славен, ќе се лутиш ли ако ти ја компресираат музиката? Ф: Не. Да сме здрави и живи сеа, шо можам да променам околу тоа? Т.Р.М.Р.: Филмчиња DivX? Ф: Finding Nemo. И Ice Age. Т.Р.М.Р.: Каде на факултет? Ф: На академија. Стара скопска чаршија, кај браќата. Т.Р.М.Р.: Би сменил ли нешто во општествово? Ф: Многу. Па цел систем би го мењал, мало мовче би го префарбал... Т.Р.М.Р.: Колку луѓе сте во групава? Ф: Пет грла. Бевме шест, едниот клавијатурист шо беше го избркавме... не го избркавме сам си отиде, а требаше да го избркаме. Неозбилност, знаеш. Јас гитара, Маја пее, Боката свири бас, Шеќерот чука и Јосе свири гитара. Т.Р.М.Р.: Шо чука Шеќерот, некои риби или...? Ф: Бубњеви по скопски. Т.Р.М.Р.: Мажуретки имате ли? Ф: Немаме. Уствари Коте (БИГ БОЈ). Ако сакаш да гледаш, качи се на Коте. Кога има шутка, он ги шутка сите. Коте ја сака шутката. И шутката го сака Коте. Т.Р.М.Р.: Што би било зенит за Адреналин? За Македонија реално? Ф: Па нормално знаеш. Т.Р.М.Р.: Абе не кажа кој е невин во Адреналин? Ф: Три точки. Т.Р.М.Р.: Во своја одбрана шо ќе кажеш? Ф: Невин сум :))))))))) Т.Р.М.Р.: А ако ти ѕвонат девојчиња у три саатот ноќе, ова кога ќе бидете славни, ќе им одговараш ли? Ф: Само ако е Маја, на друг не. Т.Р.М.Р.: Електронска музика? Ф: Транс не, друго се наоѓа. Orbital на пример. Т.Р.М.Р.: Мило ми е, Zorbital. Ф: Еее, па сум читал од тебе. Филип Коруновски, мило ми е. Т.Р.М.Р.: Зошто Коруновски, знам братучед ти беше порано Стојановски, па го промени? Ф: Прадедо ми се викал Стојан и кога го прашале во војната како се вика, Стојан сум, на кој си ти, кажал незнам шо таму Коруновски, и писарот бил пијан и пишал Стојановски. Т.Р.М.Р.: Знам, баба ми е мулти-нејмс: Петрија, Павлина, Параскева, Пара, П... Овај, може ли еден албум да добијам од вас? Ф: Од Панини, Покахонтас? Т.Р.М.Р.: Ај да не го праам емпетри. Само за мене. Ф: Договорено. Фала на АНА за кафето! ЗоРБиТаЛ феатуринг Фипе оф Адреналин Симнете си го албумот на Адреналин [url=tirekovmirece.com/mp3/Adrenalin - A.zip]оттука[/url].

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »