речник контакт

Интерната амбуланта од Уред префрлена во Болница

Причината за преселбата е подобрување на услугите кон пациентите, забрзување на постапката и намалува лутањето по оддалечени одделенија

Петар Печков

Интерната амбуланта, која досега работеше во Здравствениот дом, кај велешани познат како Уред, има нови работни простории. Од почетокот на  месецот, од понеделникот работи во   Болница.

И тоа во просториите на лабораторија, во приземениот дел. Од Болница објаснуваат дека причината за преселбата е подобрување на услугите  кон пациентите, се забрзувала  постапката и намалува нивото лутање по оддалечени одделенија. 

 Од 2-ри март, дислоцирани се амбулантите на Интерното одделение и се наоѓаат до физикалното одделение и био-хемиската лабораторија.  Целта е подобрување на услугите  кон пациентите  а и натаму се работи по принципот ,,мој термин,,. Во близина се и другите специјалистички амбуланти кои им се потребни на пациентите. Така за пациентите им се овозможува за кратко време да добијат и други  услуги, кои им се неопходни за дијагноза    - изјави д-р Силвана Мишкова, портпарол на велешката Болница.      

 Во овие простории се консултативна  дијагностичката амбуланта,  кабинетот за дијабетологија, кабинетот за нефрологија и астма центарот. Тука , во овие нови простори  се  врши препишувања на инсулинската терапија.  

Дел од пациентите претходно  се жалеле дека на доаѓањето во ,,мој термин,,  во интерното одделение, наместо во Уред, оделе во Болница, па морале да се враќаат назад, што им се случувало и губење ред и време.  Имало чести такви забуни, што предизвикувале реакција кај пациентите.    Од Болницата најавуваат дека  наскоро таму ќе го префрлат и  кожното одделение.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »