речник контакт

Инфективното одделение на велешката Болница го зголеми капацитетот за прием на пациенти, откако се зголеми бројот на заболени со ковид 19 во градот, на 32 лица

Наместо 15 сега одделението има капацитет од 35 кревети а оспособен е и вториот кат на ова одделение

Петар Печков

Поради зголемениот број на пациенти, позитивни на ковид-19 од Велес, ЈЗУ Општа Болница Велес изврши зголемување на капацитетот на Инфективното одделение.  Ова доаѓа откако за пет дена од 10 пациенти, бројот се искачи на 32 лица со корона вирус. Тоа ги предизвика надлежните да одговорат на новиот предизвик.

Оспособен е и вториот кат на Инвективното одделение и тој е ставен за користење. Сега на располагање се 35 кревети, досега беа 15, има зголемување од 20 нови легла. Таму моментално се сместени 18 пациенти, 11 од нив имаат  ковид-19 а за седум лица кои имаат симптоми, се чекаат резултати  - изјави д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на ЈЗУ Општа Болница Велес. 

Извршено  е и опремување на  ново оспособените соби, како и екипирање со персонал. Во неделата  беше соопштено дека едно лице, здравствен работник од ова одделение има корона вирус.    Има уште еден здравствен работник во Велес кој има корона вирус а е вработен во Итната помош.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »