речник контакт

Инфективното одделение се наполни со пациенти, се бара место каде да се сместат новите случаи со ковид-19

Во тек е подготовка за зголемување на капацитетот со болнички легла

Петар Печков

Инфективното одделение од Велешката Болница, кое е Ковид центар за лекување на лицата позитивни на корона вирусот, од вчеравечер е целосно исполнето, објавија од ова здравствена институција. Таму се хоспитализирани 35 лица, колку што беше и капацитетот. 

Одделението е рационален центар,  освен пациенти од Велес, сместени се и од Свети Николе, Кавадарци и Неготино. Во ова одделение нема повеќе место за ново заразените, кои секојдневно ги има во велешко во се поголем број, но повеќето се со поблаги или без симптоми, и се на домашно лекување.

Во тек е подготовка за зголемување на капацитетот со болнички легла, како и организација на понатамошната работа со персоналот- соопшти д-р Весна Николовска Неделковска, портпарол нa Општа Болница Велес.

Одговарајќи на новинарско прашање, таа кажа дека од март до денес, ниту еден вработен доктор или медицинска сестра на ја напуштила оваа здравствена институција, не дале отказ од работното место.

 

На Инфективно одделение има 35 пациенти,  16 пациенти од Велес, 11 од Свети Николе, Кавадарци и Неготино по три, Демир капија и Градско по еден, 10 пациенти се на кислородна поддршка.

Последните седум дена во Велес се регистрирани 43 нови случаи со ковид-19  а  здравствените работници состојба ја оценија како „средно тешка и посериозна од претходно“.  Денес има активни 63 лица со корона вирус.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »