речник контакт

Инфективното одделение со зголемен капацитет, за да прими повеќе пациенти со корона вирусот

Од вчера одделението има 46 кревети а до крајот на неделава 54

Петар Печков

Инфективното одделение од Велешката Болница, кое е регионален Ковид центар, ги зголеми капацитетите за згрижување на пациенти.  Ова доаѓа откако пред два дена сите 35 кревети беа пополнети, и се јави итна потреба за обезбедување на нови.

Обезбедени се нови 11 кревети во постојните соби  а до крајот на неделава уште две соби ќе бидат приспособени да примат  пациенти позитивни на ковид-19. Капацитетот од вчера е 46 пациенти а од следната седмица 54  кревети - информираше д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.

Таму  до вчеравечер беа хоспитализирани 26 пациенти, од нив 24 потврдено позитивни, во текот на денот испишани како оздравени девет лица. Две лица,  на 41  и 66 години, двајцата мажи од Велес, поради влошена состојба биле  итно префрлени на Инфективна клиника во Скопје. На Инфективното одделение од Велес се згрижуваат пациенти со корана вирусот од Велес, Свети Николе, Кавадарци и Неготино.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »