речник контакт

Инцидент во Подрачното одделение на Министерството за одбрана во Велес

Вработениот се жали дека е удрен од раководителот, тој пак вели вработениот го навредувал. Полицијата потврдува дека е регистриран инцидент

Петар Печков

Вработен во Подрачната единица на Министерството за одбрана во Велес, бил удрен од неговиот раководител. Тој за ова реагираше преку медиумите, при што во прилог покажува и видео снимка од инцидентот.    

Објаснува дека наместо решение за одмор, добил тупаници. Велешанецот Велимир Јанковски во изјава за медиуми   вели дека бил тепан од претпоставениот  Митко Михалчев. Инцидентот се случил во вторникот,  во канцеларијата на раководителот, кога Јанковски влегол да го праша за годишниот одмор.  

Удрениот  Јанковски го снимил инцидентот на мобилен. Објаснува настанот бил сниман  на мобилен како и  при секое влегување кај неговиот претпоставен, плашејќи се за својата безбедност.  По настанот бил на лекар, каде што му утврдиле повреди на главата и лицето, за што има и лекарски потврди.

Раководителот Михалчев вината ја префрла на вработениот кој  во повеќе наврати се однесувал агресивно го  провоцирал и навредувал. Инцидентот е пријавен во полиција.

Од таму информираа дека  на 6-ти декември годинава, во  Секторот за внатрешни работи Велес пријавено е дека околу 8.30ч. во канцеларијата на раководителот на регионалниот центар при Министерство за одбрана- Велес, бил нарушен јавниот ред и мир од страна на вработениот В.Ј. (1985) од Велес и раководителот на РЦ при Министерство за одбрана М.М (1959) од Велес. Од страна на полициски службеници излезено е на лице место, се превземаат мерки за целосно расветлување на настанот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »