речник контакт

Инцидентот во велешката болница засега без епилог

Директорот дополнително ќе го истражува што се случило во неделата навечер

Петар Печков

Настанот од неделата вечер, кога велешки доктор ортопед наводно бил удрен од колега хирург, кога и двајцата биле дежурни на хируршкото одделение, без епилог.  Директорот на велешката Болница  без коментар, четири дена  по настанот. Препорачува да се пишува за убави настани, не за овој, иако не е вообичаено колега да нападне колега доктор.   

Ќе разговарам дополнително со двајцата доктори, како и персоналот кој тогаш бил на работа -  кратко изјави д-р Атанас Василев, директор на ЈЗУ Општа Болница Велес, откако бараше време за  да прочита што пишувало по медиумите за настанот.  

Ортопедот Филип Тодоровски  најавува дека судски ќе бара заштита откако бил удрен од хирургот Петре Кодовски, во пределот на главата а неколку други обиди за среќа по  него биле неуспешни и го промашиле. Во тоа го спречила болничарите и сестрите кои го задржале д-р Кодовски.  

Тој пак објаснува дека имало недоразбирање, но не и удари.   Велешката полиција одговарајќи на повеќе прашања,  ја прошири скромната информација од првиот ден,  со која објаснува  дека немало инцидент, туку само гласно викање на двајца вработени. Додава дека нивните претставници разговарале освен со раководителот на хируршкото   одделение,  биле прашани и  двајцата доктори.  

Полициски службеници излегле на лице место, обавиле разговор со двајца доктори кои ги затекнале на хируршко одделение од ЈЗУ  Општа болница Велес, и истите изјавиле дека се работело само за меѓусебен разговор и дека сите недоразбирања ќе ги решат преку нивната институција, односно,  нема никаква потреба од полициска интервенција. Земајќи ги предвид изјавите на двајцата затекнати доктори и раководителот од одделението, констатирано е дека нема основ за интервенција од полиција - изјавија од СВР Велес.

Бидејќи според нив немало инцидент а лицето кое го пријавило случајот во велешката полиција, за нив е непознато, тие нема да  покренат било каква  постапка затоа што некој повикал полиција а  немало ,,безбедносно интересен настан,,.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »