речник контакт

Исечени дрвја во Трите дола- Дервен

Исечени биле десетици дрвја покрај патот

Петар Печков

Посетители на ТрМр посочуваат за нова сеча на дрвја и тоа во месноста Трите дола, кај Дервен.  Исечени биле десетици дрвја покрај патот но и во внатрешноста од месноста, каде има бројни лозја.

„Бев да го видам лозјето и кога на мое огромно изненадување видов исечени десетици дрвја. Сите се покрај патот, кој е суводолица но има и внатре сечено дрвја. Не би можел да посочам кој е сторителот и зошто, но надлежните мора да поведат есап, да почнат да контролираат и во овој дел“ - вели велешанец, кој во  Трите дола  има имот.

Претходно рекреативци реагираа дека е исечена дел од шумата со чемпрес, засадена пред 40 години  на ридот Св. Илија.

АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »