речник контакт

Исклучително мирна ноќ за дочекот на Новата година во Велес

На хирургија и интерно одделение само еден случај, поврзан со прославата на дочекот на Нова година

Петар Печков

Измината новогодишна ноќ минала исклучително мирно.Ова го потврдија дежурните  служби и докторите од Велешка болница.

На хирургија немало пациенти кои барале помош или им била неопходна поради повреди здобиени од сообраќајка или тепачка. Мирно било и на Интерното одделение.

Таму е донесен единствено еден 15 годишник, поради тоа што бил во алкохолизирана состојба. Дадена му е неопходната помош и ток е во добра состојба.   За разлика од некои претходно години, ноќеска немало прејадени.

Немале  ургентни случаи ниту на Детското одделение од болницата.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »