речник контакт

Искршени се пет летниковци на езеро Младост

Украдени биле и неколку прскачи за наводнување

Петар Печков

Изминатиот викенд уништена  е урбана опрема, во околината на езерото Младост, крај Велес. За ова  реагираа од ЈКП Дервен, кој се грижи за нејзиното одржување.

„Вандализам на езеро Младост. Искршени се пет летниковци и украдени се неколку прскачи за наводнување“- соопштија од ЈКП Дервен.

Во овие жешки денови, крајбрежјето на езерото е полно со излетници, посебно во вечерните часови, преку викенд. Од ЈКП Дерен најавија дека ќе извршат санација на уништените летниковци, но и ги потсетија посетителите дека таа е платена со пари од граѓаните исто како и нејзиното одржување. Апелираат за поголема свест и цивилизиран однос кон создаденото.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »