речник контакт

Исплатени парите за избирачките одбори од локалните избори во Велес

Локланата власт на 842 лица им исплатила 2,724 милиони денари како и плус материјални трошоци на ОИК

Петар Печков

Општина Велес ги исплати парите  за Општинската изборна комисија и  избирачките одбори,  кои ги  организираа и реализираа локалните избори есенва.  Тие биле исплатени мината седмица.  Средства добија 830 членови на избирачки  одбори, 10 на  ОИК и две технички лица. Општината исплатила 2,724 милиони денари.

И покрај големите долгови од 2,7 милиони евра, обврската за надоместок за членовите на избирачките одбори ид  ОИК, Општина Велес навреме  ја изврши.   Исплатени се  пари   и за материјалните трошоци - изјавија од локалната  власт на  Велес. 

Додаваат дека  можно  е да  има   одделни, поединечни случаи парите да не биле стасани, каде според објаснувањата на  надлежните,  причина се  техничките пропусти со матичниот број и бројот на трансакциската сметка.   

Законска обврска е  општините  од   нивните Буџети, да ги исплаќаат  надоместоците за  извршување на  локалните избори. Но поради блокирани  сметки ДИК на дваесетина општини им помагаше финаниски за да се изведат  изборите.   

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »