речник контакт

Историски успех на македонската ватерполо репрезентација

Македонската ватерполо репрезентација си обезбеди пласман на Европското првенство во Малага

Петар Печков

Македонската ватерполо репрезентација си обезбеди пласман на Европското првенство во Малага, Шпанија кое ќе се одржи од 4-13 јули оваа година.

По селекциите во ракомет (мажи и жени) и кошарка, ватерполистите се уште една наша репрезентација во екипните спортови која обезбеди место на Европскиот шампионат.

Македонските ватерполисти визата за Малага ја обезбедија со триумфот од 9:7 над директниот конкурент Холандија и го осигури второто место на квалификацискиот турнир што викендов се одржа во скопскиот базен Младост.

Ова е историски успех за македонското ватерполо и уште еден голем резултат за македонскиот спорт и тоа на самиот старт на оваа година. Колку е голем овој резултат показува фактот што во Македонија има еден затворен базен што се грее и два ватерполо клуба.

Македонската репрезентација беше составена од играчи од Србија и Хрватска и двајца македонци.Така на лето на ЕП ке бидеме во друштво со Хрватска, Србија, Унгарија, Грција, Италија.

Браво и честитки за ватерполистите.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »