речник контакт

Источен петок Балаклија, празник на градот (фото)

Прошетка низ времето и манастирот Св. Димитрија кој ги прима бројните гости на неговиот празник

Петар Печков

Секој прв петок, после Велигден кога илјадници велешани го посетуваат, повторно оживува манастирот  Св.Димитрија. Манастирот е стар повеќе векови.

Овој ден во православниот календар запишан како Источен петок - Балаклија е  ден кога се чествуваат светите води. Тоа е повод два дена, четврток попладне и петок многу народ да дојде и запали свеќа за здравје во овој храм.

Источен петок Балаклија е верски празник посветен на „животодавниот извор“ (или изворот што живот дава) чија сила ја почувствувале не само христијаните туку и други верници. Затоа тука многумина доаѓаат со надеж за спас и верба дека лошите сили ќе бидат истерани.

Манастирот има интересна историја, бидејќи пет века бил затрупан по земја, за да биде сочуван од османлиите и во 1820 откако на сон му се јавил на еден воденичар, Петар Здравев повторно ја види светлината на денот. Затоа велешани со гордост и љубоморно ја чуваат оваа традиција, масовно го посетуваат манастирот.

Но освен него преполни со посетители и верници овие два дена се и неколкуте црквички и параклиси, изградени тука на стрмните карпи Св. Никола, Св. Недела, Св. Петка, Св. Јован.

Празникот се славел во турско, српско, во бивша Југославија и сега во годините на самостојна Република Македонија. На времето на почетокот од 20-ти век, од Скопје доаѓал специјален воз, наменски за посета на манастирот.

Источен Петок Балаклија се празнува  поради тоа што Богородица му ги миела раните на Исус и на овој ден луѓето ги посетуваат изворите ги мијат лицето и очите, или три пати преку себе префрлаат вода од изворите.

Водени од ваквото верување, многумина доаѓаат во месноста Црн камен, која е во близина на манастирот Св. Димитрија. Тоа е вакавско место, каде има водопад висок дваесетина метри.

Верувањето е дека треба да се мине под него три пати и ако водата го намокри човек, желбата се исполнува. Ако пак водата бега од посетителот при минувањето, тој бил многу грешен.  На ова место се доаѓа  се до Спасовден.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »