речник контакт

Истрага и притвор за жител на Стојаково, обвинение за жител на Селемли. И кај двајцата најдена е марихуана

Кај М.К од Стојаково биле пронајдени 6 кг марихуана а кај жител на Селемли за еден кг

Петар Печков

Основното јавно обвинителство во Велес започна  истражна постапка против М.К. (48-год) од село Стојаково поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

При претрес во домот на осомничениот на 30. октомври минатата година,  било утврдено дека тој кај себе неовластено заради продажба држел околу шест килограми наркотична дрога – марихуана, спакувана во 12 полиетиленски пакувања со различна нето маса.

Пакувањата биле пронајдени  во бела јутена вреќа во плакарот во една од собите.  Основното јавно обвинителство Велес до судијата на претходна постапка од Основен суд Велес поднесе и Предлог за определување притвор за осомничениот. Предлогот е прифатен  и на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Основното јавно обвинителство  Велес поднесе Обвинителен акт против едно лице на 27 годишна возраст од село Селемли, Општина Богданци за кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

По извршен претрес, на 23 мај лани , во домот на бабата на обвинетиот,  во две неупотребливи машини за перење пронајдени се 4 најлонски кеси со наркотична дрога – марихуана. Во дворот на куќата обвинетиот чувал 24 млади исушени растенија од видот Cannabis сместени во пластични чаши и саксии. 

Обвинителството утврди дека обвинетиот неовластено заради продажба држел дрога марихуана со вкупна тежина од 912,60 грама и 24 млади исушени стебла Cannabis  во висина од 8 см до 24 см, со што го сторил кривичното дело кое му се става на товар.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »