речник контакт

Истрага и притвор за велешанец кој чувал 444 грама марихуана, дома и на работа

Осомничениот добил и мерка притвор од еден месец

Петар Печков

Основното јавно обвинителство Велес информира дека  започнала  истражна постапка против 23-годишен велешанец, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело  „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции“.

„Во близина на неговиот дом, но и во шкаф на работното место во една фабрика, осомничениот држел вкупно 444,4 грама наркотична дрога – марихуана, спакувана во неколку пакувања, како и помало количество амфетамин. Полицијата при претресот одзела и една дигитала вага од осомничениот“ - соопштија од ОЈО Велес.

Бидејќи постоеле околности кои укажуваат дека има реална опасност осомничениот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, можност тој да влијае врз сведоците во постапката или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес доставил предлог за определување мерка притвор.

Судот го прифатил предлогот на обвинителството и на осомничениот му определил притвор во траење од 30 дена.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »