речник контакт

Исчезна велешанец, кај Согле

Н.Т. заедно со пријателот С.Б. отишол да бере чај и не се вратил. Полицијата го пребарува теренот

Петар Печков

На 14 јули велешакта полиција регистрирала дека сограѓанин е исчезнат. Во 22,00 часот во СВР-Велес, Н.Т. Од Велес, пријавила дека на претпладнето во 8  часот нејзиниот сопруг Н.Т.(68 год), заедно со С.Б. заминале за с.Согле - Богомила, со намера да собираат чај. Двајцата на м.в.„Рушевини“ се раздвоиле со договор да се најдат  по некое време на 2 км од железничката станица во Согле.

Кога С.Б. пристигнал на договореното место Н.Т. не бил таму, по што околу 16,00 часот го известил неговиот син, кој заедно со мајкаму  стигнале  околу 18,00 часот на наведеното место. Истите го пребареле теренот, но не го пронашле Н.Т.. СВР-Велес презема мерки за пронаоѓање на лицето.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »