речник контакт

Исчистени 220 метри кубни од дивите депонии во Велес

Во оваа 2017-та година соборани вкупно 325 метри кубни отпад, кој несовесни граѓани го фрлаат на место каде не е дозволено

Петар Печков

Општинските власти изминатите денови спроведоа акција за чистење на дивите депонии, при  што собрале 220 м3 отпад. Согласно Програмата за управување со отпад за 2017 година Општина Велес и ЈКП “Дервен” извеле  активности за чистење на дивите депонии кај Превалец (брег на река Тополка), пристапен пат пред градските гробишта Раштани, простор зад ОУ Кирил и Методиј, зад Народен музеј, брег на Битолска пруга, ул. Лазо Осмаков (зад пицерија Да Винчи).

Дополнително е извршено отстранување на азбесно- цементни табли на простор спроти некогашниот ресторан ОХОХО. Истите се создадени поради неодговорни сограѓани, кои не ја почитуваат законската обврска, па габаритен отпад, градежен шут,  фрлаат на места каде не е дозволено. 

Со вака спроведените активности во 2017 г. животната средина се растовари од 325 метри кубни отпад кој е транспортиран и соодветно одложен на општинската комунална депонија и депонијата за земја, шут и друг отпаден градежен материјал. Општина Велес апелира до сите граѓани да постапуваат со отпадот во рамките на Законот за управување со отпад, да се воздржат од дејствија на оставање, напуштање, запалување и неконтролирано отстранување на отпад  - велат од локалната  власт.

По реакции на интернет порталот Тирековмирече, веднаш е пристапено кон вонредно чистење на дивата депонијата од градежен шут и азбесно - цементи табли во зелениот појас спроти некогашната Топилница. 

Иако не и е обврска, Општина Велес спроведе и обемна акција на чистење на отпад во приватен имот, за кој постоеше опасност да го загрози здравјето и животот на соседите во урбаната средина.

За услугата која им е потреба и за начинот за постапување со отпадот да се информираат во ЈКП Дервен на тел. 043/233-768, секој работен ден од 07.00-15.00 часот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »