речник контакт

Италијанецот Пасквале и Унгарката Фабиан победници во трката на далечинско пливање од Европскиот куп, одржана на езеро Младост (фото и видео)

Ова беше петтата трка од Европскиот куп, претходните се одржаа во Израел, Италија, Словачка и во Белград Србија а финалето е на 23 септември во Барселона Шпанија. Пливаа 32 пливачи 17 во машка и 15 во женска конкуренција, од 13 држави.

Петар Печков

Деветнасетгодишниот Италијанец Пасквале Џордано од Неапол е победник на трката во далечинско пливање која се одржа на езерото Младост кај Велес. Победничкото постолје го поделија сонародниците Марио Санцуло како втор  и Џузепе Иларио со третото место. Победничкото време беше 1:56:15.

„Ова беше моја втора трка во Европскиот куп годинава, по првата во Италија. Трката не беше тешка, сите Италијанци кои бевме во врвот се знаеме. Сега победив јас, на следната некој друг.  Дуваше ветер, но не беше проблем, како кога пливам на море во Италија“ - рече Џордно.  

Кај девојките победи осумнаесетгодишната  Бетина Фабиан со 18 год. од Будимпешта Унгарија со време од  2:07:21.  додека второто место го освои Леа Бој од Германија а трето пласирана беше Италијанката Ариана Бриди.

„Ова е моја прва победа од Европскиот куп, иако учествував на сите четири претходни трки. Многу сум среќна и задоволна. Водата беше одлична, брзината на трката спора“ - кажа Бриди.

Овде може да ја гледате трката, која беше пренесувана од ЛЕН - Европска пливачка федерација

Повеќето од учесниците најавија дека се пакуваат и следниот викенд ќе учествуваат на најпрестижната европска трка во далечинско пливање Капри- Неапол во Италија, која е во должина од 37 км.

Патеката беше во должина од 10 км. и се пливаше шест круга на водите од езерото.  Најдобро пласиран македонски пливач беше Евгениј Поп Ацев на 8-то место, додека кај девојките Ивана Неделковска на 10 место.  

Ова беше петтата трка  од Европскиот куп, претходните се одржаа во Израел, Италија, Словачка и во Белград Србија а финалето е на 23 септември во Барселона Шпанија. Организатори беа клуб 28 од Велес  и Кајак кану клуб Бабуна, а финансиски поддржана од Националната пливачка федерација и Општина Велес. Победниците добија парична награда по 2,5 илјади евра, второпласираните по 1,5 и трето пласираните 1,5 илјади евра.  Пливаа 32 пливачи 17 во машка и 15 во женска конкуренција, од 13 држави.

Во саботата, ден претходно, се одржа финалето од Националниот куп во далечинско пливање. Кај мажите победи Евгениј Поп Ацев а кај девојките Јан Костадиновска. Тоа беше петта трка -финалето , откако претходно се пливаше на Крушевско, Преспанско и две трки на Охридско езеро- во Охрид и Љубаништа.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »