речник контакт

КМФ Велес два пати го совлада косовскиот првак

Во контролни натпревари го победија Феникс од Приштина, кој е меѓу 16-те најдобри екипи во Европа, со 6:0 и 1:0

Петар Печков

Велешкиот футсал лигаш  КМФ Велес, кој има силни амбиции со нова управа и комплетно реновиран тим одигра два контролни натпревари со екипата на косовскиот првак  Феникс.

Лидерот во првенството Велес во понеделникот победи со уверливи 6:0 . Стрелци на головите беа: Мартин Тодоровски (3 гола), Зоран Левески, Трајче Трајков и Ферид Агуши.

Во вторникот нова победа но само со 1:0 стрелец од пенал беше   Драган Петровиќ - Брус.  За противникот екипата на  Феликс од Приштина, податок дека има квалитет е што ги мина квалификациите од Лигата на  шампионите во футсал и влезе во завршната фаза меѓу 16-те најдобри екипи во  Европа.  

Ова беа тест натпревари во пресрет на големото дерби, кое се игра в  сабота во салта Гемиџии од 17ч. Велес го пречекува тимот на Шкупи со кого го делат првото место со сит број бодови 21, и двете екипи имаат по седум победи, а велешани се први поради подобрата гол разлика. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »