речник контакт

КМФ Кеги моби победи дома против КМФ Енхалон oд Струга

Висок пораз во Втората лига во Чегране за ФК Борец од довчерашниот третолигаш. Во трета лига Југ победа за ФК Превалец и пораз за ФК Локомотива до Градско

Петар Печков

Победа за екипата на КМФ Кеги моби во второто коло од Првата футсал лига. На домашен терен со убедливи 6:1  (2:0) совладана е екипата на КМФ Енхалон од Струга.

Во Втората фудбалска лига, на гостувањето во Чегране, ФК Борец загуби со високи 9:0 полувреме 1:0. Во следното следниот викенд во 7 коло во Велес гостува екипата на ФК Охрид која е 14 со 4 бода а велешани се последни 16-ти  без ниту ден и гол разлика 3:28.

Во Третата фудбалска лига Југ, ФК Превалец на домашен терен  го победи  ФК Бучин од истоименото крушевско село со  4:2, а полувремето го добија гостите  1:2. Вториот велешко крушевски дуел заврши со победа ана ФК Питу Гули, кој дома ја победи екипата на ФК Локомотива од Градско со 7:3 а полувремето беше нерешено 2:2.

 По оваа победа екипата на ФК Првалец  се искачи на 5-отот место со 10 бода а  ФК Локомотива  остана седма 7 со 7 бодови.

Во следното коло ФК Локомотива  во Градско се игра соседско дерби, со ФК Росоман, кој е 4-то пласиран. Повторно дома игра и ФК Превалец, овој пат со ФК Младост од прилепско Кривогаштани, екипа која е 10-та од 12 во лигата  со еден освоен бод.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »