речник контакт

КМФ Кеги моби експресно се врати во Прва лига, по една година

Продолжи пингпонгарското првенство. Петрушев втор на меѓународниот ИКАС кајак натпревар

Петар Печков

Иако 18-то коло,четири до крајот,  футсал екипата на КМФ Кеги Моби се врати во Првата лига. Експресно, по една сезона во ова натпреварување велешани  имаат доволно бодовна разлика за да слават. Тие во 18-тото коло ја победија екипата на КМФ Мал Ајакс со 6:0, со головите на Зоран Трајков 2 и по еден на Кирил Ивановски, Жарко Спасовски, Бобан Давчевски и Костадин Петров.  Гостите од Штип со симболичен отпор во Велес, во салата Гемиџии за 40 минути не стигнаа до голманот на домаќинот. Во следното коло КМФ Кеги моби во дерби на пролетта, гостува кај второ пласираниот тим на КМФ Форца,кој заостанува еден бод. И тоа ќе биде натпревар за првак на оваа конкуренција.  

Продолжија натпреварите од пингпонгарската Прва лига. По првите две кола велешани беа слободни, а во третото пролетно, вкупно 12-то загубија од лидерот екипата на Зегин Берово со 2:4.  иако водеа со 2:1 а во седмиот меч пингпонгарот  на ППК Борец  ТИМ имал водство од 2:1 во сетови за израмнување на 3:3, но ги загубил двата следни сета а со тоа и мечот. Во следното коло важен натпревар со составот на ППК  Кратово, кој досега нема ниту една победа,а  велешани имаат една и тие се на последните две места од табелата.

Викендов се возеше меѓународниот кајак натпревар ИКАС на патеката во Матка во Скопје, во како што медиумите оценија најслабиот состав досега. Велешанецот Александар Петрушев во К-1 кајак слалом на диви води, го освои второто  место зад  Косовецот Ѓоши а пред Србинот Јефтиќ.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »