речник контакт

КМФ Кеги моби победи во Првата футсал лига, ФК Борец со нов пораз, овој пат од ФК Пелистер

Во третата лига Југ, победа за ФК Превалец, пораз за ФК Локомотива

Петар Печков

Во Првата футсал лига,  победа за ФК Кеги моби. Во четвртото коло, велешани на домашен терен славеа со 7:3  (4:1) против екипата на КМФ Форца од Куманово. Така по четири кола велешани забележаа две победи и два порази.

Ништо ново, пораз за фудбалерите на ФК Борец на домашен терен и тоа од 0:4 (0:1) од екипата на ФК Пелистер, коај беше петто пласирана.  И по ова деветто коло велешани се на дното од табелата 16-ти, без освен бод и ужасна гол разлика од -31 а само четири постигнати гола. Во следното коло, следниот викенд играат повторно дома, овој пат со стружани со екипата на ФК Караорман, која е 10-та со 10 бода.

Во 8 коло до Третата фудбалска лига Југ,победа и пораз за  екипите од ОФС Велес.

ФК Превалец  на домашен терен убедлив против   ФК Обршани, која досега има само три бода,  славеше со 9:0 (7:0). Екипата останува второпласирана, со негатива од 6 бода зад лидерот. Во следното коло превалчани гостуваат во Крушево кај ФК Питу Гули, кој е 4-ти со ист број бодови по 19.

ФК Локомотива од Градско во крушевски Бучин е поразена со 5:2 (4:2) од истоимената екипа, која имаше досега само една победа. Екипата остана 8 пласиран со 8 бода. Локомотива во Градско во соседско дерби го пречекува лидерот ФК Вардар од Неготино.  

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »