речник контакт

КФМ Велес растура во футсал лигата

Фудбалерките дома нерешено,ракометарите поразени во Битола,победа за Гашев на ММА трофеите на рибарскиот куп Кркушка за гостите од Србија, Мирчевски трет во на државното првенство во кајак спуст на диви води

Петар Печков

Екипата на Велес во првата футсал  лига  забележува рекордни победи. Во четвртото коло жртва беше актуелниот првак и освојувач на купот, скопски Железарец, кој беше поразен со 14:1.  По ова кола велешани се први  со гол разлика 56:5. Следното коло КМФ Велес гостува во Македонска Каменица, на новиот член на ова лига Саса, кој е претпослден со еден бод.  

Фудбалерките на Борец дома одиграа нерешено со екипата на Атлетико од Битола  1:1 . Гостинките повеле поранешната екипа на Конзули, сега Ателтико додека  велешанки израмниле. По ова  четврто коло е трет без пораз и со шест бодови. Во следното коло гостува  во Струмица на  второпласираната екипа на Истатов. 

 Ракометарите на Борец доживеаја висок пораз во Битола од екипата на  Еурофарм работник со 23:32, полувреме 16:12.   Неизвесно било до 40-таљта минута 20:18, по што битолчани ја зголемуваат разликата и на крајот го поразуваат Борец со 9 гола предност.  Кај велешани пет гола постигна Андовски а четири Стојановски. Кај домаќините по седум гола забележаа Адли и Златко Мојсовски. По четири кола Борец е осми од девет екипи и в  среда игра дома со втората екипа на Металург, која е петта со седум бодови.

 Во саботата се  одржаа ММА борби во спортската сала ,,Гемиџии,. Во девет борби, учествуваа и двајца велешани, забележани се победа и пораз.  Ристе Гашев во категорија до 75 кг  дојде во доминантна позиција  над Јаcмин Мркиќ од БиХ,  од каде што испратил арсенал на удари во главата на противникот по што  судијата ја прекинал борбата. Во категоријата до 77 кг. Илија  Андов е поразен од Иван  Скоко од Црна Гора, имаа вистинска фајтерска борба со размена на лоу кикови, директи. Велешанецот  на крајот на втората рунда беше поразен со давење со триаголник. Организаторот Будо центар од Велес  и Раде Стефановски  доделија награди за најдобар борец на Стефан Пецевски и за најатрактивна борба на Илија Андов и Иван Скоко од Црна Гора.

Неделата се одржа седмиот риболовен куп ,,кркушка,,. Учествуваа 18 екипи а победи клубот ,,Бистро,,  од Алексинац, пред    Нишава од  Ниш,  и Смедеревац од Смедерево-сите од Србија. 

Викендов се возеше и Државното првенство во кајак спуст во диви води на патеката  Матка   крај Скопје.   Борче Мирчевски  од ККК Бабуна е трет а првак е Алаксандар Николовски, додека екипно прв е  ККК  Илинден  од Скопје пред ККК Бабуна  и трет е ККК Вардар и двете од Велес. Во   Ц-1  првак е  Христијан Игнатов од ККК Бабуна.  Во  3хК-1  победија кајакарите на скопски Илинден пред Бабуна и ККК Вардар од Велес. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »