речник контакт

Кавадарци гут, Велес капут

Германците се одлучија нивната инвестиција да ја лоцират во Кавадарци со образложение дека тука е центарот од каде невработени од Припеп, Неготино и Велес можат да патуваат на работа

Петар Печков


Со две обраќања на градоначалникот на Кавадарци и министерот застрански инвестиции се сруши надежнба на армиајта енврабнотени велешани дека голема германска инвестиции ќе се гради во Велес. Таа ќе биде лоцирана во соседството Кавадарци. Министерот Самак објаснува дека ова решение   е можност да се реши невработеноста и во соседството.

 Оваа инвестиција не е само за Кавадрци, туки за еден поширок регион кој опфаќа до 50-тина км. Тука се Прилеп Велес, Неготино каде има голема неврабтоеност. Тие ќе можат да конкурираат и да патуваат до нивните работни места - изјави Веле Самак, министер за странски инвестиции.

Германски Дрекслмајер ќе произведува делови за Мерцедес во Кавадарци. Фабриката која наскоро ќе биде отворена ќе вработи околу 4000 луѓе, а  веќе е објавен конкурсот за 20 лица во менаџерскиот тим. До крајот на годинава ќе се вработат околу 400 лица.

Вкупната инвестиција на германците се проценува на околу 20 милиони евра. Дрекслмајер ќе произведува електроника и електронски кабли за автомобилската индустрија. Производите главно ќе бидат извезувани на германскиот пазар.

Дрекслмајер произведува делови за Мерцедес, БМВ, Ауди, Порше, Јагуар. Кавадаречката фабрика ќе биде 54 на групацијата која постои од 1958 година.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »