речник контакт

Кавадарчанец излетал од автопат кај Кула, веднаш пренесен на Клинички во Скопје

Интервенирала екипата на Итната помош од Велес, кај повредениот возач констатирани тешки телесни повреди

Петар Печков

Вчера попладне на автопатот Велес - Скопје, кај месноста Кула се случила сообраќајна несреќа, автомобил излетал од патот.

„На 1 јуни во  17.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес – Скопје, после местото викано „Кула“, патничко возило „сангјонг корандо“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од П.С.(34) од Кавадарци, излетало надвор од коловозот“ -соопштија од МВР. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес, по што ќе бидат познати причините за несреќата.

На лице место била екипа на Итната помош од Велес.
„На повреденото лице дадена му е неопходна здравствена  помош и веднаш во интерес на пациентот е префрлен на Клинички во Скопје“ - кажа д-р Василка Пановска началник на Итната служба.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, П.С: констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »