речник контакт

Кавадарчанец нападнал сограѓанин и му оштетил две возила и влезот од домот

Р.П. бил задржан во полициска станица

Петар Печков

Утрово уапсен кавадарчанец, кој претходно бил пријавен дека  оштетил возила и нападнал сограѓанин.  Деталите од информацијата на СВР Велес.

„На 27 февруари  во 04.25 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Р.П.(28 год) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од 19 годишната С.Џ. од Кавадарци дека пред нивниот дом физички го нападнал нејзиниот сопруг И.В.(22 год) и со дрвен предмет ги оштетил нивните возила „форд“ и „опел астра“ и влезната врата од домот“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Р.П. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител, а увид на местото бил извршен од увидна екипа од ОВР Кавадарци. По документирање на настанот против Р.П.  полицијата ќе  поднесе соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »