речник контакт

Кавадарчанецот кој беше пронајден дома запален, претходно бил убиен

Обдукцијата кај И.М. (70 год) констатирал повеќе убодни рани по телото

Петар Печков

Кавадарчанецот И.М (70 год) кој на 8 септември беше пронајден мртво во неговиот дом, со изгореници по телото, бил убиен. Ова го констатирала  обдукција, откако ОЈО Кавадарци побарало да таа се изврши над телото на починатиот.  

„Првичниот наод од обдукцијата врз телото на починат маж, кое беше пронајдено во семејна куќа во Кавадарци на 8 септември, покажа дека починатиот бил лишен од живот со повеќе убодни рани, а потоа бил запален“ - соопштија од ОЈО Кавадарци. .

Веднаш по пронаоѓањето на телото беше извршен увид на лице место, а сега по наредба на јавниот обвинител се вршат и дополнителни увидни дејствија и разговори со повеќе лица.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »