речник контакт

Кавадарчанка измамила велешанец дека заедно ќе живеат, но му ги земала парите и побегнала

Освен парите, жената ја земала неговата австриска платежна картичка и си заминала

Петар Печков

Велешанец пријавил во полиција  дека е измамен од кавадарчанка, со која требало да живеат заедно. Тој и ги дал парите на чување, жената ја снемало. Повеќе детали од информацијата на СВР Велес.

„На 21 декември во 10.40 часот во Полициската станица Велес, 73-годишен велешанец пријавил дека бил измамен од И.„Н“ (непознато презиме з.а.)  од Кавадарци. Според пријавеното, пред неколку дена тие се договориле да живеат заедно во неговиот дом во Велес, по што и дал парични средства да ги чува, по што таа ги зела парите и неговата австриска платежна картичка и си заминала“ - соопшти Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.

Полицијата најавува дека  презема мерки за расчистување на случајот.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »