речник контакт

Кавани за православен Велигден во Велес

Ѕвездата на ПСЖ И НА Уругвајската репрезентација, вреден 65 милиони евра, три дена престојуваше во Гарденија

Петар Печков

Уругајскиот репрезентативец   фудбалер на Пари Сен Жермен Еди Кавани, православен Велгиден го мина на одмор во Велес.    Тој три дена  од саботата наутро па  до  понеделникот доцна попладне престојуваше во Хотелот  Гарденија.  

Кавани беше во друштво со  неговиот брат   и уште две лица, кои се појавуваат често  на неговите фотографии на твитер.  Посетатата беше безмалку тајна, освен што  на ФБ се појавија неколку фотографии од велешани кои успеаја да  се фотографиираат со него. Од Хотелот Гарденија  не  даваат детали за посетата на Кавани.

Не можеме да зборуваме за нашите гости, оти ја нарушуваме нивната приватност - изјави Зоран Мирсинов  директор на Хотелот.

Целта на посетата е тајна, работа, фудбал, одмор или обврски  кон фондација каде членува, може  само да се нагаѓа. На твитер тој постави фотографија од престој на планиско вешетчко езеро, за кое не ги криеше впечатоците од убавитите кои ги видел. Но  никаде не  запиша дека е во Македонија.    

А дека Кавани сакаше неговиот престој во Велес да биде неоткирен  зборува што на неговиот твитер, при полетувањето за Македонија со привтен авион,  само кратко напиша  ,,правец Лас  В ..,,  . Меѓу младите велешани последната година  градот се именува Лас Велес  поради бројните коцкарници,  обложувалници и  палми, па го доби ова име, кое го прифати и Кавани.  

Во Македонија, на Скопскиот аеродром,  фудбалската ѕвезда  вредна 65 милиони евра, толку чинеше неговиот трансфер од Наполи во ПСЖ,  допатувал, сабота претпладне,  веднаш откако неговиот тим ПСЖ  го освои Францускиот лига куп со побеата до 4:0 во петокот вечер, против екипата на Рен со убедливи 4:0 при што токму тој во судиското надополнување постигна еден гол и го  постави конечниот резултат.

Трите дена одмор, пред неделниот натпревар против Ајачио, во Француската  Лига 1, големото фуѕдбалско име   ги искористи за да престојува во Велес.  Кавани кој е репрезентативец на Уругвај во Македонија допатува со приватен авион.

И додека со неговите фанови без проблем правеше фотографии во ресторанот од Хотелот Гарденија  каде вечераше, откако увиде  дека репортерот на ,,ТрМр,, чека  да добие изјава од него, Кавани вешто се криеше низ хотелските ходници и бараше споредени влезови за да стигне до неговиот апартман.

Неговиот брат на рецепција синоќа околу полноќ, откако заврши ,,креинката,, на Кавани,  побара утрово да бидат пробудени во 4,30ч. за да заминеле, не прецизираше каде,  не побара храна,  а заминување од Велес најавија за доцна попладнето.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »