речник контакт

Кавга со ножеви во кланица

Вработен во кланица во Велес бил ранет со нож од колега додека се расправале во минатата недела.

Петар Печков

Според полицијата, инцидентот се случил на 25 август, во кланицата „Агрија“ во Велес. Дента настанала расправија меѓу Т.А.(21) и М.Б., двајцата вработени во кланицата. Додека се карале Т.А. го удрил колегата, но се лизнал наназад и обидувајќи се да се задржи, со ножот што го држел во раката случајно го пробол М.Б. во градите.

По инцидентот повредениот бил пренесен во Медицинскиот центар во Велес и по дадената лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.

Велешката полиција против Т.А. поднесе кривична пријава за загрозување со опасно орудие при тепачка.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »