речник контакт

Каде велешани можат во друштво да ја пречекаат Нова Година

Што велешките угостители нудат, за моментот кога стрелките ќе се поклопат помеѓу две години

Петар Печков

Во Велес за најлудта ноќ  извесно е дека ќе има пречек во дискотеката  Импакт, каде ќе настапат  "The Hounds" ( и покрај тоа што деновиве е затворена), во Розе сала каде ќе свират Негрос ( 1250 ден), на мотел ,,Велешко езеро,, каде гостите ќе ги забавува група Виртус  ( 1100 ден)  и на хотелот Романтик каде ќе настапат Кате Брезева и групата Соната ( 2100). Дочек со жива свирка ќе има и во Деспина, Илинден 903. Втората вечер во Розе Сала ќе настапат Наум Петрески и Зуица Лазова, додека во оваа сала ќе се организира традиционалната Божиќна забава под покровителство на Повардарската Епархија. Божиќен бал со Ритам плус ќе има и на Хотел Романтик.

Уште од претходно познато е која на отворено ќе ги забавува велешани за пречекот на највеселата ноќ. Групата „Тоа е тоа‘‘ со Мики Јовановски -Џафер, Венко Серафимовски, Љупчо Трајковски -Фис, заедно со чалгиите на МРТВ ќе бидат музичкото друштво за добро расположение при пречекот на Новата година во Велес. На локација од улицата Благој Ѓорев, спроти бројните кафетерии два дена ќе се случува отворена сцена. На бината ќе настапат сите  кои што сакаат, имаат храброст,  знаат  да пеат и да ги развеселат посетителите. Забавата во овие два дена ќе трае од 11 часот до полноќ

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »