речник контакт

Каде е исчезнатиот Абедин Алиновски

Семејството го бара Алиловски од село Бузалково кој исчезнал пред 10 месеци

Петар Печков


  Алиловски исчезнал кон крајот на мај 2011 од село Бузалково, излегол од дома и тргнал во непознат правец. Досега  не е вратен дома, велат неговите блиски.Тој е татко на две малолетни деца. Месното население, со неговите блиски и роднини, само се организирало да го пронајде во околината на селото по шумата и околните ридови.

 Од страна на СВР Велес во повеќе наврати организирани се повеќе патроли во правецот каде  можел да се движи. Пребарана е пошироката околина на Бузалково и блиските села. Во еден дел од блиските ридови пронајден е дури дел од неговата облека. За жал  исчезнатото лице досега не е пронајдено. Беа преземени мерки, повеќе пати се излегуваше во подолг период  на терен, кои досега не вродија со резултат, велат од СВР Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »