речник контакт

Каде е возот за Кочани

Шпанецот не може да ја искачи угорнината од Велес до Штип, моторот не издржувал

Петар Печков

Во неделата попладне и понеделникот утрото,  патничкиот воз на МЖ  во правец кон Кочани  и од Кочани го немаше, не сообраќаше.  Ниту тргнал од Скопје, ниту стигнал до Велес. Бидејќи истата композиција која  тргнува попладне, следниот ден наутро се враќа од Кочани, денес возот ниту тргна од Кочани, ниту стигна до Велес.   Патниците кои  планирале да се возат со него извисиле.

Утрово сакавме со сопругата да патуваме за Скопје, на доктор. Кога отидовме ни кажаа воз од Кочани нема да има. Арно потоа имаше експрес од Битола, доплативме  па стасавме. Но ова не е можно, воз да не тргне од станица – вели повозрасен брачен пар од Велес.  

Вчера, неделата попадне се случил истиот настан на Железничка во Скопје, кога не тргнал  возот кон  Кочани, во 16,40 но потоа за кратко време имало  други  два  патнички воза,  па со нив велешани стигнеле дома. Тие што патувале за Кочани и Штип морале со автобус.  

Ваквата епизода  да го нема возот  била  и во четвртокот попладне од Скопје   и петокот наутро од Кочани. Наспроти  ова во вторникот во правец кон Кочани бил пуштен новиот моторен воз, популарно наречен ,,Кинезот,,.  

Раководството на МЖ не е достапно да каже што се случува, зошто  за неколку дена во два наврати возовите од и кон Кочани не сообраќаат.  Но од персоналот  на патничките возови може да се дознае дека причината што возот не сообраќа е што не може да ја искачи угорнината после Велес, од Железен мост до железничка станица   ,,Кошулчеви,,. 

Имено т.н. ,,шпанци,,  имале стари  мотори,  кои на овие високи температури не можеле да повлечат по  угорнината, па МЖ во недостаток на патнички гарнитури, решило во двата случаи патничкиот воза од и кон Кочани да не сообраќа.  

Пред некој ден поради тоа што се расипала локомотива на товарен воз, близу железничка станица ,,Рајко Жинзифов,, ноќниот воз до Скопје за Велес, стоел на  отворена пруга 3,5 часа а патниците наместо во 23,30 во Велес допатувале во 3ч наутро. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »