речник контакт

Каде заминаа општинските награди 9-ти ноември

За оваа 2016-та година поделени 15 признанија, листата следи. Кој ја доби наградата за нај студент...

Петар Печков

Советот на  Општина Велес едногласно одлучи кои се добитниците за наградите Денот на Општината 9-ти Ноември.  За животно дело ,,Гемиџии,, наградата ја поделија  примариус д-р Ангел Мајсторов и академик  сликарот Фехим Хусковиќ.  

Наградите 9-ти Ноември ги добија:   Спомен плакета за: Маркард,  министерот без ресор Џери Наумов, д-р Милчо Трајков, д-р Тања Анѓушева од   Болницата Филип  Втори Скопје,      

благодарница:  Народен музеј,  Дијана Иванова –новинар, Моника и Илија Стојчевски –архитекти,  

и пофалница за:  Љупчо Ѓоргиев планинар, актерката Слободанка Чичевска,  Камелија Дукова, Младински црковен хор Св. Кирил и Методиј,, .

Признанието за најстудент  ,,Ѓорги Шоптрајанов,,  го доби Надица    Шкрекова која студира на Медицинскиот факултет  при УКИМ Скопје, која има просек 9,92.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »