речник контакт

Каде се Индијците од Порцеланка

Инвеститорите БРЏ групација, кој ветија произвдство на садови за готвење од не`рѓосувачки челик, заминале од Македонија, кога ќе се вратат не е познато

Петар Печков

Минаа 18 месеци откако индиската БРЏ групација ја купи велешка Порцеланка, но досега нема никакви активности во поранешниот велешки гигант.  Таму е празно, Индијците ги нема, не се работи. Но ниту некој има информација каде се  инвеститорите, што и  дали се работи.  

ТрМр се обиде да додеј до инвеститорите. Македонскиот  мобилен број од Навнет Гумар Краг, потпретседател на компанијата  не постои, ниту електронската адреса функционира. Овие комуникации тој ги  подели лани при потпишувањето на договорот, сега се невалидни.

На прашањето од ТрМр поставено по мобилен до бројот во Индија, кој исто така е на визит картичката, никој не врати одговор.   По мобилен во контакт со лицето  Славица Крстева, која беше дел од комуникацијата  со сопствениците од  Индија, на прашањето по електронски пат таа  не одговори. На мобилниот кажа  дека претставниците  на БРЏ групација не се во Македонија, но штом  ќе дојдат, таа  ќе  овозможи контакт со нив, бидејќи тие сакале да се знае што се случува, но побара време.

Од друга страна лицата кои се во кругот на поранешна  Порцеланка велат дека одамна газдите од Индија ги немало таму.

Се врткаа нешто, како работеа се до изборите на 11 декември. Пота гои снема, исчезнаа, никој ниту е дојден, ниту нешто се случува или работи. Ми личи на Субрата Рој, работава  - вели соговорникот.  

ТрМр го праша градоначалникот Чадиев кој беше дел од помпезното  потпишување на договорот за  купување на Порцеланка на БРЏ групацијата, дали тој има информација што се случува.

Имаат некој проблем со имотот со фирмата Павор. Тоа го знам  - рече кратко Чадиев. На истото прашање пред неколку месеци, зошто нема  никаква активност околу новата фабрика сместена во некогашна Порцеланка, Чадиев тогаш одговори дека Индијците  имале проблем оти во Велес немало доволно стручна рака за нивниот профил, изработка на садови за готвење. 

 Договорот за купопродажба на Порцеланка беше потпишан на 12 јануари 2016-та. Го потпишаа   Сендеп Голај  претставник на Индиската компанија   ,,М сквер  Балкан Лимитид,,, со седиште во Скопје и македонскиот министер    Џери Наумоф.   Сопственикот Шанаи  Бандари соопшти дека оваа инвестиција е вредна 31 милион евра, ќе вработи илјада работници и ќе изработуваат  производи за домаќинство, за кујна и садови за готвење   од не`рѓосувачки челик.  Истите ќе се пласираат во земјите од Европа, Северна Африка и Блискиот Исток. 

Сакаме Велес повторно да го направиме центар  на производствени капацитети. Локацијата ја избравме поради  понудената работна сила, инфраструктурата и поддршката од градоначалникот. Имаме 13 илјади вработени во повеќе земји од светот со претставништва во Лондон, Хонг Конг,  Сингапур, Дубаи –порача пред 18 месеци    Голај. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »