речник контакт

Каде ќе се вложат 150 илјади евра

Парите што Општината ги доби како награда од ЕУ за проект на годината, ќе бидат вложени во...

Петар Печков

Парите што Општината ги доби како награда од ЕУ за проект на годината, ќе бидат вложени во изградба на инфраструктура во економската зона на градот. Градоначалникот така сака да создаде услови за бизнисмените од градот да можат да отвараат повеќе работни места. - Од неколкуте опции кои беа во игра, се решивме приоритет да дадеме за опремување со инфраструктура на економската зона, кај комплекс УЗУС. Очекувам дека тоа ќе биде можност инвеститорите да се нафатат за градење на мали и средни претпријатија и на тој начин вработување на дел од неврабтоените во градот-информираше Аце Коцевски, градоначалник на Велес. Општина Велес за „Велес град на културата“ за 2005 година ја доби втората награда за проект по конкурсот што го распиша ЕУ за што доби 150 илјади евра. Локалната власт размислуваше овие пари да ги вложи и во уредување на крајбрежниот простор на Езеро Младост, градење на кеј на реката Вардар, изградба на ликовен салон со сала за венчавање или пак за изградба на локален пат Велес-Нови гробишта до селото Раштани.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »