Петар Печков
Објавено: четврток, 19 декември 2024
Bо cредното училиште „Коле Неделковски“ во Велес, за учениците од прва и трета година беше спроведена едукативна работилница во рамки на превентивниот проект - „Кажи HE на дрогата, ДА на животот“.
„Целта на превентивно- едукативната активност беше информирање на младите за штетноста по здравјето од користењето наркотици, формите и манифестацијата на зависноста, агресивното и асоцијалното однесување како последица од користење на наркотици, како и за другите негативни влијанија кои ги има дрогата врз развојот на младата личност“ - соопштија од МВР.
Учениците биле запознаени со законските репрекусии и последиците кои произлегуваат од трговијата со дрога, како и штетните последици од други болести на зависности како што се алкохолот и цигарите.
Активноста била реализирана преку соодветна прилагодена презентација, како и со практични примери од полициските искуства во работата со овие социо-девијантни појави, од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција заедно со полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес.
Tweet |