речник контакт

Каква е постапката со оружјето, кога близок од семејството, кој го поседува почине

Кој се законските обврски на наследниците ?

Петар Печков

Во случај на смрт на лице (член на семејството)  кое поседува оружје со дозвола , законските обврски кои ги имаат блиските во однос на постапката за наследување или отуѓување на оружјето:

Полнолетните членови на неговото семејство или други полнолетни лица кои со него живееле во исто семејно домаќинство се должни во рок од шест месеци од смртта на лицето да го предадат :

- оружјето на трговските друштва со седиште на територијата на Р.Македонија кои имаат добиено одобрение за производство на оружје и поправање на оружје, кои ќе извршат привремено онеспособување на оружјето, со пломбирање, за што се издава потврда или

- оружјето и муницијата на надлежниот орган или најблиската полициска станица , за што се издава потврда.

Полнолетните лица се должни привременото онеспособено оружје со муницијата да ги чуваат во местото на нивното живеалиште или престојувалиште, односно во местото на одобрен постојан престој, до завршување на оставинската постапка.

Лицето кое наследило оружје може во рок од два месеца по завршување на оставинската постапка да поднесе барање за издавање на дозвола за оружјето или оружјето да го отуѓи согласно законските одредби (член 35 од Закон за оружје) .

Судот надлежен за расправање на оставината го известува надлежниот орган за секое решение со кое се наследува оружје.

Глоба во износ од 500-1000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на физичко лице кое во случај на смрт на сопственикот на оружјето во пропишаниот рок нема да го предаде оружјето и муницијата . 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »