речник контакт

Каква храна јадат децата во градинките и учениците во Велес

Храната е безбедна и квалитетна, но потребно е да биде разновидна

Петар Печков

Храната која ја добиваат децата од велешките градинки, учениците  од ОУ Блаже Конески и Интернатот    е безбедна и квалитетна, но во нејзиното составување потребно е да се вклучат стручните лица од велешкиот Центар  за јавно здравје.  

Ова е  констатацијата, која беше  претставена пред велешките   советници а по презентацијата на информација за безбедноста и квалитетот на исхраната  во Градинката ,,Димче Мирчев ,, , ОУ Блаже Конески и Ученичкиот дом ,,Лазар Лазаревски,,.  

Децата  од градинките и учениците од ОУ Блаже Конески и Интернатот,  добиваат дневен оброк  кој го задоволува  бараните  норми, исто така и   на белковини,  масти  и шеќери, кои се добро избалансирани – вели д-р Снежана  Петрова од  ЈЗУ Центар за јавно здравје.

Овие истражувања се во рамките на Националната програма за  јавно здравје, која беше донесена во 2014-та година а истражувањата се реализирани мината  година.   За потребите на анализите испитани биле  50-тина дневни оброци од сите три школски и претшколски институции.  Освен што храната децата која ја добиваат е безбедна и квалитетна,  стручњаците додаваат таа треба да биде разновидна.  

Во храната на децата од градинките има мала затапеност  на   риба. Можеби децата не сакаат риба ама  треба да се навинуваат на  неа. Учениците од ОУ Блаже Конески  добиваат помалку  млеко  и млечни производи,  свеж  зеленчук и овошје.  Во Интернатот  застапени се повеќе мастите на сметка на јаглено хидратите, потребно е да се намали употребата на сувомеснатите производи  богати со натриум, кој натаму може да влијае врз здравјето на децата  - додава д-р Петрова специјалист по  хигиена.  

За надминување на постојните недостатоци, таа посочува дека во сите три институции, потребно  е да се вклучат стручните лица  од Центарот за јавно здравје, која  е овластена институција за следење  на  општествената исхрана. Тие  треба да  ја  планираат исхраната на децата и  учениците. 

Потребно е при составувањето на  менито, да   се  вклучи екипа на  Центарот,затоа  што така  ќе помогнеме  во избалансираноста  а  децата и  учениците да добијат здрав оброк. Треба да се расчисти дилемата дали да  се користи бел леб или интегрален. Ако се користи мајонез наша препорака е тој да не се користи. Или ако се користи тврд маргарин да биде мек маргарин. Наместо пудинг  да се користи варена  пченица со шлаг. Мораме  заеднички да работиме за здрава храна,  оти кај  децата  се  јавува  гојазност од  брза неизбалансирана  храна,  која  ја добиваат  од сендвичарите   – објасни д-р Петрова.   

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »